Потврда дека имаме добри фудбалери

Бенет од Арсенал ќе има конкуренција, на „Чаир“ за мечот Шкупи - Вардар се најавиле скаути и од Германија, Холандија, Шведска....

Раководствот на Шкупи најавува вистинска инвазија од странски скаути за неделниот меч со Вардар, а покрај Боби Бенет, кој е агент за таленти на англискиот гигант Арсенал, се најавува присуство и на претставници на клубови од Германија, Холандија, Шведска...

објавено: 21 април 2017 - 16:50

Раководствот на Шкупи најавува вистинска инвазија од странски скаути за неделниот меч со Вардар, а покрај Боби Бенет, кој е агент за таленти на англискиот гигант Арсенал, се најавува присуство и на претставници на клубови од Германија, Холандија, Шведска...

Поради ограничениот простор, за неделното локално дерби ќе има поинаков режим. Раководствот на Шкупи објави соопштение, кое ви го пренесуваме во целост.

„Почитувани медиуми, новинари и фоторепортери, ве известуваме дека неделниот натпревар, од 28. коло од ПМФЛ, помеѓу Шкупи и Вардар предизвика голем интерес не само во нашата јавност, туку и надвор од границите на Македонија, каде што на трибината ќе има голем број на скаути од различни европски земји и од регионот. Истотака барање за акредитации за да го следат натпреварот на нашата е-маил адреса пристигнаа од различни медиуми, како што се Германија, Холандија, Шведска и др. Поради ограничениот број на седишта, бараме од вас да бидете на стадионот најмалку 30 минути пред почетокот на натпреварот, и носите со себе прес карта од медиумот за кој работите. Исто така, се зивестуваат и фоторепортерите, дека со нив треба да имаат прес картица. Со почит, раководството на ФК Шкупи“.

Успехот на македонската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, го сврте вниманието на големите клубови, а на теренот ќе има неколкумина од нашите спортски херои, кои обезбедија настап на ЕП во Полска. Под засилен радар на скаутите ќе бидат Дарко Велковски, Бобан Николов, Бесир Демири од Вардар и Бесар Исени и Јасир Асани од Шкупи.

Најново во Фудбал