Само во Кратово е тивко по 45 минути игра

Бериќет на дождот - Голеада на Вардар и Ренова, во Тетово шест гола за едно полувреме

Бериќет со многу голови на дождливото време им донесе на прволигашите во домашното првенство, а особено ефикасно е во Тетово, каде шампионот Вардар води со 4:2 против Ренова. Голови по првиот дел нема само во Кратово на второто дерби меѓу Силекс и Шкендија

објавено: 16 ноември 2017 - 13:55

Бериќет со многу голови на дождливото време им донесе на прволигашите во домашното првенство, а особено ефикасно е во Тетово, каде шампионот Вардар води со 4:2 против Ренова. Голови по првиот дел нема само во Кратово на второто дерби меѓу Силекс и Шкендија.

Вардар брзо поведе со 2:0 со головите на Велковски и на Блажевски од пенал, намали Гафури на 1:2, но и Максимов беше прецизен, па точно по половина час гостите повторно имаа предност од два гола.

За неизвеснот се погрижи Гафури со уште еден погодок, но Фелипе пак ја врати позитивата од два погодоци за Вардар.

Два гола предност има Работнички против Победа со головите на Кире Маркоски и Гофри Чинеду, а Академија Пандев со пресврт има предност од 2:1 во Битола против Пелистер. Трифуновски им донесе предност на домаќините, но Вареловски и Балдовалиев им донесоа позитива од 2:1 на Академците на Пандев.

Најново во Фудбал