Денеска е вториот дел од премиерното коло

Битка за Пелагонија, на Победа тешко и оди со Пелистер

Победа и Пелистер ќе бијат нова битка за фудбалски владетел на Пелагонија, денеска на стадионот во Могила од 17 часот, а прилепчани иако се домаќини ја немаат фаворитската улога, бидејќи во последно време тешко им оди против битолчани

објавено: 13 август 2017 - 16:46

Победа и Пелистер ќе бијат нова битка за фудбалски владетел на Пелагонија, денеска на стадионот во Могила од 17 часот, а прилепчани иако се домаќини ја немаат фаворитската улога, бидејќи во последно време тешко им оди против битолчани.

Билансот од само две победи на Победа на последните 10 меча и дури 6 порази од Пелистер ги фаворизираат гостите, но на дерби мечевите секогаш е неизвесно до самиот крај. Ждрепката сакаше двата големи ривали да играат на премиерата од новото домашно првенство, а бодовите ќе бидат мошне значајни за добар старт на шампионатот.

Денепхнито ден долго ќе го паметат и Академците на Пандев, кои ќе дебитираат во Првата лига. противник им е Шкупи на жешкиот терен во „Чаир“, па се чини дека ова е вистински предизвик за струмичани да потврдат дека се кадарни да играат значајна улога во прволигашкото друштво.

Во највисок ранг се врати и ФК Скопје, а кам-бекот е во Кратово против Силекс.

Најново во Фудбал