Полека се средуваат работите

Битолски Пелистер со охридски шмек

Битолски Пелистер добива охридски шмек, а полека, но сигурно работите во таборот на актуелниот бранител на куп-трофејот се средуваат. Најавени се подготовки во Охрид, а и двајца играчи родум од овој град се враќаат кај „зелено-белите“

објавено: 19 јануари 2018 - 20:40

Битолски Пелистер добива охридски шмек, а полека, но сигурно работите во таборот на актуелниот бранител на куп-трофејот се средуваат. Најавени се подготовки во Охрид, а и двајца играчи родум од овој град се враќаат кај „зелено-белите".

Ристе Маркоски и Дејан Лескароски се најавени како сигурни во ростерот на Пелистер за пролетниот дел од шампионатот. ќе има уште неколку нови играчи, а веќе е сигурно дека битолчани ќе се подготвуваат во Охрид.

Таму ќе патуваат кон крајот на овој месец, а ќе престојуваат во Десарет.

Најново во Фудбал