РЕКОРДНИ 25 ЕКИПИ ПРИЈАВЕНИ ЗА ОСМОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ

Бизнис Лигата на Македонија урива рекорди

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал - Бизнис Лига на Македонија одржа прес конференција во прес центарот на ВИП Арената „Борис Трајковски" во Скопје.

објавено: 21 септември 2018 - 20:41

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал - Бизнис Лига на Македонија одржа прес конференција во прес центарот на ВИП Арената „Борис Трајковски" во Скопје.
Собир на на кој беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел како и медиумските покровители.
Сезоната 2018/2019 е осмата последователна сезона во која Бизнис Лигата на Македонија брои рекорден број на компании и тоа дваесет и пет.


Што се однесува до самиот ситем на натпреварување, ќе се игра еднокружно (секој со секого) бидејки натпреварувањето се игра без гостински терен за да на крајот првите 4 екпи влегуваат директно во Ф8 фазата која е елиминациона и секој пораз значи испаѓање. Додека пак разигрувањето претставува шанса за влез во Ф8, а шансата ќе ја имаат и екипите од 5то до 12то место. Победниците влегуваат во Ф8 по што ќе се игра завршниот турнир кој води до титулата во шампион на Бизнис Лигата на Македонија.
Свое обраќање на прес конференцијата имаа проект менаџерите на Бизнис Лигата, Младен Ѓуроски и Филип Николовски кои им посакаа на компаниите пред се фер плеј игра, успешна сезона исполнета со многу забава и како и секогаш да победи подобриот.
Од оваа сезона Горска Вода ќе биде дел од Бизнис Лигата. Таа ќе има за задача да ги освежува натпреварувачите.

Најново во Фудбал