Сакаат пласман во Прва лига

Благојче Марковски го засили Новаци

Благојче Марковски е ново засилување на Новаци, во обид клубот да се вклучи посериозно во битката за пласман во Првата македонска лига

објавено: 17 јануари 2017 - 16:45

Благојче Марковски е ново засилување на Новаци, во обид клубот да се вклучи посериозно во битката за пласман во Првата македонска лига.

Напаѓачот досега беше член на Пелистер, а има настапувано за дузина наши клубови меѓу кои се и Вардар, Силекс, Ренова. Младост Царев Двор, Еуромилк...

Новаци има амбиции да бие битка за пласман во Првата лига, а по есенскиот дел е на делба на третото место со 25 бода, колку што има и Еуромилк.

Најново во Фудбал