Играчот од средниот ред заврши со Косово

Блажевски е првото зимско засилување во Пелистер

Битолчани се активираа на пазарот, по бројните откази, Пелистер го потпиша Мартин Блажевски. 

објавено: 22 декември 2016 - 12:30

Мартин Блажевски е првото засилување на Пелистер во зимскиот преоден рок. Играчот за врска кој настапуваше во Косово, ги договорил сите детали со челниците на клубот и во најскоро време се очекува да пристигне во Битола и официјално да стави потпис на соработката.

„Се договорив со Пелистер. Треба само да официјализираме, но тоа ќе оди лесно. Во моментов во Пелистер се случува една убава фудбалска приказна. Има атмосфера, има амбиции, има сè што е потребно за да се успее сезонава“, вели Блажевски.

Инаку по Благојче Марковски, Христијан Денковски, Анастасов, Бугаринот Милен Василев, Благојче Коњарски е петтото име кое зимава си оди од Пелистер.

Најново во Фудбал