Убав јубилеј

Блажевски ја мина стотката во Вардар, сега чека петка во „црвено-црниот“ дрес

Дејан Блажевски го одигра јубилејниот стоти меч во дресот на Вардар, вчера против Шкендија, а следна цел е петка во „црвено-црниот“ дрес

објавено: 22 февруари 2018 - 12:30

Дејан Блажевски го одигра јубилејниот стоти меч во дресот на Вардар, вчера против Шкендија, а следна цел е петка во „црвено-црниот" дрес.

Офанзивецот на шампионот има освоено 4 пехари со Вардар, три домашни титули и еден трофеј во Суперкупот на Македонија, па сега го очекува и петтиот пехар. Вардар заостанува зад Шкендија за 8 бода во домашниот шампионат, а против лидерот го чека и реванш во четвртфиналето во националниот Куп, па има шанса за нова титула со Вардар и оваа сезона.

Најново во Фудбал