НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ОСТАНУВА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА

Блажевски: Посакувам уште многу голови и секако титула

Најдобриот стрелец на Вардар од сегашниот играчки кадар, Дејан Блажевски, го продолжи договорот до јуни 2018 година. На Блажевски актуелниот договор му истекуваше овој месец, но на задоволство на двете страни, соработката е продолжена.

објавено: 21 декември 2017 - 17:20

Најдобриот стрелец на Вардар од сегашниот играчки кадар, Дејан Блажевски, го продолжи договорот до јуни 2018 година. На Блажевски актуелниот договор му истекуваше овој месец, но на задоволство на двете страни, соработката е продолжена.

„Вардар ми понуди нов договор, и прифатив да останам. Вардар е мој клуб, тука ја почнав мојата кариера, и среќен сум што останувам во мојот тим. Договорот е до крајот на сезоната, и посакувам уште многу настапи и уште многу голови во дресот на Вардар, и сигурно се надевам на уште една шампионска титула и на освојување на Купот на Македонија", изјави Блажевски.

Блажевски после настапите во неколку интернационални клубови, се врати во Вардар во јануарскиот преоден рок 2015 година. До сега има вкупно 96 официјални настапи во дресот на Вардар, од кои 12 натпревари во Европа, 74 меча во првенството, 9 во Купот на Македонија и еден настап во Супер-Купот на нашата земја. Има три шампионски титули, и еден трофеј во Супер-Купот.

Најново во Фудбал