ГОЛГЕТЕРОТ Е ПРЕД ПРЕСЕЛБА ВО АЛБАНИЈА

БЛАЖЕВСКИ ВО ТИРАНА, тренер ќе му биде Зе Марија?

Познатиот бразилец е тренер на тимот кој го посакува екс напаѓачот на Вардар

објавено: 12 јуни 2018 - 12:00

Дејан Блажевски летово би можел да направи трансфер во Албанија.

Како што дознава „Спорт" тој има сериозна понуда од екипата на Тирана која по многуте проблему успеа да ја надмине кризата и да се врати во елитата на својата земја. Тирана е повеќекратен првак кај нашиот западен сосед на чија што клупа е славниот Зе Марија, екс репрезентативец на Бразил и фудбалер на Интер.

Блажевски во изминативе неколку сезони е еден од нашите најдобри голгетери во лигата и од нејасни причини Вардар не го продолжи договорот со оој 32- годишен фудбалер кој беше носечка сила во екипата со која освои три титули и со Фелипе е еден од двата стрелци за „црвено-црните" во групната фаза од Лигата на Европа.
Покрај Тирана, за потписот на Блажевски има интерес и од екипи од Кипар, Тајланд и од Македонија.

Најново во Фудбал