Битолчани го преставија тимот за оваа пролет

Богат преоден рок за силен Пелистер

„Најбитната работа беше да се засили клубот со нови фудбалери кои се поискусни ќе играат во Пелистер и можат да бидат пример за помладите. Тоа се оствари и сега имаме седум квалитетни засилувања, со кои првата цел да обезбедиме опстанок во Втората лига“, вели сопственикот на тимот.

објавено: 12 февруари 2019 - 17:30

По завршувањето на преодниот рок, денеска на прес-коференција, ФК Пелистер ги престави амбициите за новата сезона. Тренерот Дарко Крстевски и сопственикот Пеце Стојчевски, го преставија и последното засилување за „зелените“, Благојче Љамчевски.

„Она што го најавив претходно дека се што било претходно го забораваме и вртиме нова страница во ФК Пелистер се остварува и од ден на ден продолжуваме во таа насока. Најбитната работа беше да се засили клубот со нови фудбалери кои се поискусни ќе играат во Пелистер и можат да бидат пример за помладите. Тоа се оствари и сега имаме седум квалитетни засилувања, со кои првата цел да обезбедиме опстанок во Втората лига ќе биде остварена, но ако имаме одлилни игри и резултати како сите очекуваме и ни се даде прилика, зошто да не атакуваме на место кое ќе ни донесе пласман во Првата лига. Голманот Трајчевски и фудбалерите Петковски, Ганчев, Маркоски, Шоповски, а секако и браќата Петар и Благојче Љамчевски, ветија дека ќе дадат се од себе да го вратиме фудбалот во Битола на местото што го заслужува. И самите според имињата гледате дека најголем дел се фудбалери на Пелистер или повратници, кои го сакаат Пелистер“, изјави пред новинарите Стојчевски.

Тренерот Дарко Крстески, полека ги приведува при крај зимските подготовките, а за досегашниот тек вели:

„Задоволен од сработеното на подготовките и се што сработивме до сега. Но, морам пред се кажам дека искрено, пријатно сум изненаден од преодниот рок и завршената работа на Управата. Сега топката е префрлена кај нас и треба да одговориме на предизвикот, а тоа е добро се подготвуваме. Во таа насока одигравме три контролни натпревари и ни следат уште неколку кои веќе се договорени, се со цел да ја подигнеме формата на повисоко ниво. Нема да ветуваме многу работи, верувам дека јавноста и битолската публика ќе биде задоволна од нашата работа“.

Денес и официјално беше претставено најновото и последно засилување во тимот Благојче Љамчевски, кој прво потпиша со Победа, но по кратко време се врати дома. Пелистер по есенската полусезона е на седмото место во ВМФЛ со 18 бода, десет помалку од лидерот Струга Трим Љум и шест од Лабуништа која е второпласирана и е на местото кое води во баражот за ПМФЛ.

извор: bitolanews.mk

Најново во Фудбал