Новото раководство на штипјани бара чаре за спас

Бојаџиев: Брегалница се враќа во Штип на 20. ноември, Победа прв гостин „Под Исар“

Новиот претседател на Брегалница Ангел Бојаџиев најави тешка битка за опстанок, а една од првите мерки за спас на штипјани ќе биде враќање на Градскиот стадион во Штип. Од почеток на шампионатот Брегалница игра како домаќин во Кочани

објавено: 6 ноември 2016 - 11:00

Новиот претседател на Брегалница Ангел Бојаџиев најави тешка битка за опстанок, а една од првите мерки за спас на штипјани ќе биде враќање на Градскиот стадион во Штип. Од почеток на шампионатот Брегалница игра како домаќин во Кочани.

„Во координација со ФФМ ќе се обидеме да обезбедиме услови Брегалница од 20. ноември да игра на Градскот стадион во Штип. Ни недостасува `Фалангата` како дванаесетти играч. До крајот на оваа сезона тренер останува Здравко Цветановски, а во паузата ќе размислуваме какви засилувања ни се потребни“, рече Бојаџиев.

Тој и неговите соработници доаѓаат ќе имаат тешка мисија да ги санираат „дупките“ што ги оставија Турците предводебни до Јуксел Јесилова. Беа најавени моќни спонзори од Турција, но од нив немаше ни трага ни глас, па сега Бојаџиев и неговата екипа ќе се обидат да ја извлечат Брегалница од дното.

Првиот чекор не беше успешен и шампионот Вардар со победа од 1:0 против Брегалница во Кочани, што е импресивен 20. меч по ред на „црвено-црните“ без пораз од штипјани.

Најново во Фудбал