Бопесу и Моунпаин во Работнички

Сега веќе екс играчите на Скопје, се селат во Градски парк откако одиграа и повеќе од солидна полусезона на Автокоманда.

објавено: 5 јуни 2018 - 09:53

Тимот на Работнички ќе се засили со двајцата интернационалци од Франција односно Камерун, Џоел Бопесу и Усеини Моунпаин.

Дефанзивците одиграа и повеќе од солидна сезона за тимот на Скопје, кој за жал не успеа да обезбеди опстанок, па интернационалците секако дека си заминуваат, а Работнички беше најбрз во реакцијата. Ги прибира во своите редови двајцата робусни играчи кои несомнено солидно ќе пополнат некои од „дупките" кои настанаа во ростерот по летните заминувања периодов.

Најново во Фудбал