БЕЗ ПОБЕДНИК ВО СТРУШКОТО ДЕРБИ, КИТ ГО ЈА СОВЛАДА КАМЕНИЦA

Борец ја „тепаше“ и Плачковица, Пелистер без роденденски подарок! (ФОТО+ВИДЕО)

Се комплетираше и шестото коло денеска во второлигашките конкуренции, на Западот Генч Калемлер дојде и до четвртата победа сезонава на гостувањето кај Скопје со погодокот на Менга во 74. минута.

објавено: 25 септември 2018 - 17:38

Во струшкото дерби немаше победник, најпрвин фудбалерите на Струга Трим Лум поведоа преку Мерџани во 26-та мин., потоа израмнија домаќините преку Клечкароски пред крајот на првото полувреме. Во вториот дел, поточно во 72. минута Тафе се погрижи за 1:2 за Струга Трим Лум, а бод за Лабуништа донесе Клечкароски со својот втор погодок на локалното дерби.

Гостиварци за период од седум минути дојдоа до трите бода пред своите гледачи против Тетекс, а Пелистер ги разочара своите навивачи повторно овојпат на 33. роденден на „Чкембари", откако загуби и кај Влазерими во Кичево.

-РАДОСТА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР ПО ПОБЕДАТА НАД СКОПЈЕ-

На Истокот Брегалница ремизираше без голови со Кожуф, а Борец продолжува со перфектниот старт „шест од шест", успеа да ја совлада на гости и Плачковица.

За велешани двапати во листата на стрелците се запиша Христов, еднаш Ѓорѓиев, а на спротивната страна иако Радојчиќ донесе позитива за домаќините на крајот беа убедливо поразени.

6. коло, резултати:

2МФЛ - Запад

ГОСТИВАР - ТЕТЕКС 3:0 (Османи 70, Скендери 77, Зеќири 84 пенал)
ВЛАЗЕРИМИ - ПЕЛИСТЕР 1:0 (Алији 20)
ЛАБУНИШТА - СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2:2 (Клечкароски 42, 84/Мерџани 26, Тафе 72)
КОРАБИ - ГОБЛЕН 3:0 (Спахију 38, Целески 61, 72)
СКОПЈЕ - ГЕНЧ КАЛЕМЛЕР 0:1 (Менга 74)

Табела: Генч Калемлер 13 бодови, Гостивар 12, Струга 11, Влазерими 9, Гоблен 9, Лабуништа 9, Скопје 7, Кораби 7, Тетекс 4, Пелистер 2.

2МФЛ - Исток

ПЛАЧКОВИЦА - БОРЕЦ 1:4 (Радојчиќ/Колевски 15, Христов 55, 59, Ѓорѓиев 63)
БРЕГАЛНИЦА - КОЖУФ 0:0
ВАРДАР (Н) - ПАРТИЗАН (О) 2:0 (Костадиновски 16, Чаушев 60)
КИТ ГО - КАМЕНИЦА САСА 3:1 (Настевски 8, Неделковски 65, 73/Марковски 5)
ТИКВЕШ - ДЕТОНИТ ЈУНИОР 2:0 (Мишов 42, Бакрачески 56)

Табела: Борец 18 бодови, Кит Го 13, Тиквеш 12, Брегалница 10, Кожуф 9, Плачковица 7, Вардар (Н) 6, Партизан (О) 6, Каменица Саса 4, Детонит 0.

Најново во Фудбал