Американецот се пресели во Битола

Бовен заврши со Академците на Пандев и потпиша за Пелистер

Тревис Бовен ќе игра за Пелистер до лето и ги засили битолчани во битката за опстанок, откако ја заврши епизодата во Академија Пандев

објавено: 12 февруари 2018 - 10:22

Тревис Бовен ќе игра за Пелистер до лето и ги засили битолчани во битката за опстанок, откако ја заврши епизодата во Академија Пандев.

Американецот дојде да игра фудбал во Македонија лани и одигра солидно за Академија Пандев, а сега одлучи да се пресели кај битолчани.

Покрај него на тест е дојден уште еден странец, но веројатно нема да потпише за Пелистер. Актуелниот бранител на трофејот во националниот куп, задутре го почнува пролетниот дел од шампионатот, против Победа во Прилеп.

Битолчани ќе заминат во карантин во Струмица, а мечот се игра на теренот на Хоризонт Турново и ќе започне од 14 часот на 14. февруари.

Најново во Фудбал