НАЈАВА ЗА МОЖНО „САМБА“ ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Бразилецот Климако Пинто на проба во Работнички

Стоперот досега бил член на Олимпијакос, Докса, Ламија, Трикала...

објавено: 23 јуни 2018 - 21:57

Климако Пинто Леандро (24) од Бразил, е можно засилување во Работнички. Од клубот нема ништо официјално за овој трансфер, но фудбалерот од Бразил денеска играл за „романтичарите" на пријателската средба со Динамо Загреб.

Интересно е тоа што „кариоката" досега бил член на неколку клубови од Грција. И тоа Олимпијакос, Докса, Ламија, Трикала од каде што и доаѓа. Се разбира дека „романтичарите" нема да брзаат со неговиот потпис, но и факт е дека им и потребен квалитетен стопер во пресрет на настапите во Лигата на Европа.

Најново во Фудбал