Тргна и вицешампионот

Брдариќ го знае вистинскиот правец кон успесите (Фото)

И вицешампионот Шкендија ги почна зимските подготовки со новиот тренер Томас Брдариќ. Големо фудбалско име, но сепак се уште почетник како тренер. За фудбалот знае се, играше и финале во Лигата на шампионите, патем и го носеше дресот на германската репрезентација, но ќе успее ли сето искуство да го пренесе на играчите на Шкендија

објавено: 8 јануари 2017 - 15:14

И вицешампионот Шкендија ги почна зимските подготовки со новиот тренер Томас Брдариќ. Големо фудбалско име, но сепак се уште почетник како тренер. За фудбалот знае се, играше и финале во Лигата на шампионите, патем и го носеше дресот на германската репрезентација, но ќе успее ли сето искуство да го пренесе на играчите на Шкендија.

Секој почеток е тежок, а секако Брдариќ според фудбалското педигре има што да покаже. Вистинскиот правец е барем една титула сезонава, нешто што раководството на Шкендија го бара од него. Брдариќ има хрватски корени, но целиот фудбалски век го мина во Германија и е од познатата фудбалска школа на „панцерите“. 

Шкендија му е трет интернационлен предизвик, по директорувањето во Динамо Минск и во Бундјокор. Сега за првпат е тренер надвор од Германија во тетовска Шкендија.

Фото: ФК Шкендија

Најново во Фудбал