Освежување за штипјани

Брегалница се стабилизира, Ристе Милосавов приклучен во стручниот штаб

Брегалница полека се консолидира со цел да се обиде да се врати во Првата македонска фудбалска лига, а ново име во стручниот штаб, кој го предводи Емил Грнев е една од штипските легенди, Ристе Милосавов

објавено: 28 декември 2017 - 09:31

Брегалница полека се консолидира со цел да се обиде да се врати во Првата македонска фудбалска лига, а ново име во стручниот штаб, кој го предводи Емил Грнев е една од штипските легенди, Ристе Милосавов.

Со одлука на Бордот на директори Милосавов е приклучен во стручниот штаб и ќе се обиде со своето искуство да помогне. Фудбалерите на Брегалница вчера ги добија заостанатите плати, па сега помирно ги очекуваат новогодишните празници, а потоа и почетокот на зимските подготовки.

Стартот е закажан за 16. јануари, потоа ќе следи тест меч најверојатно со Плачковица, а главниот дел од подготовките ќе биде на почетокот на февруари. Во опција се три дестинации, од кои двете се домашни, а изборот е меѓу Дојран и Охрид. Можно е екипата да замине и за Бугарија во Сандански, но одлуката уште не е донесена.

По првиот дел од шампионатот во Втората лига Исток, Брегалница е на третата позиција со 25 бодови, а пред штипјани се само лидерот Беласица со 30 и Борец Велес со 26 бодови.

Најново во Фудбал