Штипскиот тим славеше над „романтичарите“

Брегалница со тест победа над Работнички најавува подобри резултати

Штипјани со головите на Темелков и Пандев славеа со 2:1, додека голот за Работнички го даде младиот Пандев. Пред крајот на мечот се повреди гостинскиот играч Филип Наумчевски кој беше пренесен во болница

објавено: 20 јануари 2017 - 16:45

Екипата на Брегалница на домашен терен во штип со 2:1 славеше над Работнички во контролен меч.

Иако „романтичарите" успеаа да поведата преку Станковски во 12. минута, домаќинот израмни до крајот на полувремето преку Темелков. Конечните 2:1 ги постави Боро Пандев со погодок во 88. минута

Во последните моменти од мечот со повреда се здоби Филип Наумчевски кој беше пренесен до најблиската болница.

Кај Брегалнциа имаше неколку нови играчи, дел од нив и на проба, меѓу нив беше и Милан Илиќ кој игра на на позицијата дефанзивец.

Најново во Фудбал