„ГИПСАРИТЕ" ГИ ЗАСИЛУВААТ СВОИТЕ РЕДОВИ

Бурхан Мустафов потпишува за Ренова...

Сега веќе екс фудбалерот на Победа имал понуда и од други клубови, но сепак се решил да им се придружи на „гипсарите". 

објавено: 27 декември 2018 - 19:30

Бурхан Мустафов (24) би требало да биде првото ново име во редовите на Ренова. Како што неофицијално дознаваме, битолчанецот кој во изминатиот период играше за Победа, веќе се договорил со челниците на Ренова и сега останува само уште неговата промоција. Мустафов кој е класичен играч за врска имал понуда и од други клубови во Македонија, но сепак се решил да им се придружи на „гипсарите".

Инаку Мустафов во својата кариера играше за Пелистер, Победа а има и интернационална кариера во Теута (Албанија). Тој е првиот фудбалер на Победа кој оваа зима официјално го напушти клубот.

Најново во Фудбал