Снег и невреме ги закочија работите на стадионот на Шкупи

Чаир нема да види проволигашки фудбал до крајот на март

Локалната фудбалска пресметка меѓу Шкупи и Работнички, кое е закажано за во недела, ако дозволат временските услови, ќе се игра на „Борис Трајковски". И третпат по ред Шкупи ќе игра надвор од својот стадион во Чаир

објавено: 28 февруари 2018 - 15:49

Локалната фудбалска пресметка меѓу Шкупи и Работнички, кое е закажано за во недела, ако дозволат временските услови, ќе се игра на „Борис Трајковски".
Теренот на Чаир се уште не ги исполнува условите за прволигашки фудбал, па третпат по ред во пролетниот дел од шампионатот Шкупи ќе игра во скопската населба Маџари.
Сега во прилог на чаирчани не им оди и времето, најмногу снегот, бидејќи работите на реконструкција на теренот кои се започнати се заглавени заради невремето. Потоа треба да има контрола и од ФФМ дали се исполнети условите за прволигашки мечеви, што доведува до заклучок дека и во март ќе нема прволигашки фудбал на Чаир.

Најново во Фудбал