Чаир се „пали“ на Вардар, шампионот не знае за пораз од Шкупи (Видео)

Чаирчани се на нозе, а денеска им доаѓа на гости големиот ривал и предизвик, шампионот Вардар во дербито од десеттото коло во домашното првенство. Кога гостува Вардар секогаш е жешко, но во последно време и многу тешко за домаќините

објавено: 16 октомври 2016 - 11:12

Чаирчани се на нозе, а денеска им доаѓа на гости големиот ривал и предизвик, шампионот Вардар во дербито од десеттото коло во домашното првенство. Кога гостува Вардар секогаш е жешко, но во последно време и многу тешко за домаќините.

Клубот од Чаир нема победа против Вардар, откако го смени името од Слога во Шкупи, а серијата без пораз на шампионот е долга пет натпревари.

Последната победа е со старото име Слога во 2009 година, и оттогаш лутиот ривал има 3 победи и две нерешени. 

Мечот се игра од 14,30 часот, а каква атмосфера владее во Чаир кога гостува Вардар погледнете во видеоматеријалот од минатите сезони.

 

Најново во Фудбал