ПРВИОТ ЧОВЕК НА УЕФА НЕ ГЛЕДА НА ЕП

Чеферин: Му кажав на Илчо дека веќе нема алиби, Македонија има големи шанси да игра на ЕП

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин повторно е во Скопје. Овој пат посетата е отварањето на новиот објект на ФФМ. 

објавено: 15 февруари 2018 - 13:15

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин повторно е во Скопје. Овој пат посетата е отварањето на новиот објект на ФФМ. Пред свечениот чин, Словенецот одржа интересен говор и истакна дека е задоволен од работата на македонската фудбалска федерација.

„Ќе продолжиме да соработуваме со ФФМ со цел да се развива фудбалот во Македонија. Бевме со Вас во Скопје на одлично организираниот Супер купот. Сега повторно сме тука да продолжиме со проектите. Бисер на нашата соработка се одличните резултати на младинските македонски селекции. До 21 година игравте на ЕП, а одлични резултати Македонија бележи, и во возрасните категории до 17 и 19 години“, рече Александар Чеферин.

Првиот човек на УЕФА ја гледа Македонија на Европско првенство, тој на чега кажа дека на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски му кажал дека повеќе немаме алиби, Лигата на Нации е одлилчна можност за остварување на сонот.

„Да потсетам дека имате и одлична шанса и со сениорите преку Лига на Нации да играте на ЕП. Му кажав и на Илчо дека веќе нема алиби и дека Македонија има добра група и одлична можност да го оствари сонот и за првпат да игра на големо натпреварување“.

По обраќањето Чеферин заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев и официјално го отворија интернатот за спортисти која е во склоп на фудбалската академија.

 

Најново во Фудбал