ГОЛОТ НА НИГЕРИЕЦОТ ГИ КАЧИ „РОМАНТИЧАРИТЕ“ НА ТРЕТО МЕСТО

Чинеду го носи Работнички во Европа

Силекс загуби од Победа, а киксот на кратовчани го искористи Работнички, кој сега е на позиција која води во квалификациите од ЛЕ. Голема победа со пресврт на битолчани против Вардар

објавено: 13 мај 2018 - 18:36

Со голот на Гофри Чинеду во 87 минута, Работнички славеше на гостувањето кај Академија Пандев и дојде на третото место на табелата во Првата лига. Струмичани од 62 минута беа со играч помалку, откако Чешмеџиев доби два жолти картони. Овој гол на Чинеду, за „романтичарите“ може да значи излез на европска сцена. 

Благоја Наумовски во 91. минута му донесе вредна победа на Пелистер на гостувањето кај Вардар. На половина час до крајот, вардарци водеа со 2-1, но „зелено-белите“ направија пресврт и сега се со реални шанси да се најдат во бараж, и сепак да се обидат да избегнат преселба во втора лига. Победа мораше да победи и успеа во намерата, додека Шкендија во второто полувреме го скрши отпорот на „пиратите“ од Автокоманда и отиде на 32 бода разлика пред вториот Вардар.   

Во последното коло, Скопје ја пречекува победа во клучен меч за опстанокот, но може да се случи и двата тима да испаднат, доколку Пелистер го совлада Шкупи. 

 

ПРВА ЛИГА 34 КОЛО: Академија Пандев - Работнички 0:1, Победа - Силекс 1:0, Шкендија - Скопје 3:1, Шкупи - Ренова 3:0, Вардар - Пелистер 2:3.

ТАБЕЛА: Шкендија 85 бода, Вардар 53, Работнички 48, Силекс 46, Шкупи 45, Академија П. 42, Ренова 41, Победа 35, Пелистер 34, Скопје 32.

Најново во Фудбал