Ќе бидат посилни во реваншот, а ова звучи сензационално

Чудата во Вардар немаат крај - Горан Попов се врати да помогне

Искусниот лев бек Горан Попов сензационално се врати во Вардар со цел да помогне да се елиминира Фенербахче и да се оствари пласман во фазата по групи во Европа Лигата. „Не можев да го одбијам Сергеј Самсоненко. Имам високо мислење за него и се вратив во Вардар, клуб од кој и не ни заминав“, вели Попов

објавено: 18 август 2017 - 11:16

Искусниот лев бек Горан Попов сензационално се врати воп Вардар со цел да помогне да се елиминира Фенербахче и да се оствари пласман во фазата по групи во Европа Лигата. „Не можев да го одбијам Сергеј Самсоненко. Имам високо мислење за него и се вратив во Вардар, клуб од кој и не ни заминав", вели Попов за „Македонски спорт“.

Попов беше прогласен за вишок во Вардар летово, најави дека ќе игра за Докса на Кипар, но сепак останува во редовите на македонскиот шампион. Звучи шокантно, но чудата во Вардар станаа редовна пракса. Најголемото го приредија вардарци вчера, со победа против Фенербахче од 2:0 и се наоѓаат на прагот на историски успех и пласман во фазата по групи во Европа Лигата.

„Добро е што имавме само усмен договор да си заминам, па нема да има проблеми со документацијата. Сакам да му помогнам на Вардар и се надевам дека ќе успееме да ја оствариме целта“, додава Попов.

Горан пристигна во Вардар пред три години, а по се изгледа и ќе се пензионира во клубот кој е најтрофеен во Македонија.

 

 

Најново во Фудбал