ИАКО ВЕЌЕ НЕКОЛКУ КЛУБОВИ ЈА ЗАВРШИЈА РАБОТАТА

Денеска и официјално стартува преодниот рок

Од денеска па до 11 февруари клубовите ќе можат да потпишуваат нови имиња

објавено: 15 јануари 2019 - 10:38

Денеска стартува и официјално зимскиот преоден рок кој ќе трае се до 11 февруари. Во овој период клубовите ќе можат да ангажираат нови имиња, исто така ќе можат да поднесуваат барања за сертификати за играчи кои доаѓаат од странство. Сепак некои клубови веќе си ја завршија својата работа предвреме, како Работнички на пример кој веќе досега се засили со шест нови фудбалери. Добро пазареа и екипите на Македонија ЃП, Ренова, А. Пандев и др. Интересно е тоа што Вардар досега купи само еден и тоа Леовигалдо од Македонија ЃП, додека шампионот Шкендија ниту едно ново име досега не ангажира.

Секако дека до 11 февруари ќе има уште „потреси" на трансфер –пазарот, посебно поради фактот дека од Шкендија се очекува барем една „трансфер – бомба", но и поради како тоа ќе се одвиваат работите во Вардар.

Најново во Фудбал