ИЗВЛЕЧЕНИ ДВОЈКИТЕ ЗА НОВОТО ПРВЕНСТВО ВО ПМЛ

Дерби на стартот: Шкендија домаќин на Вардар

Двата најголеми фаворити за трофејот ќе играат уште во првото коло од новото првенство на Македонија

објавено: 25 јули 2017 - 13:01

Шкендија ќе го пречека Вардар во дербито на првото коло од 26 шампионат на Македонија, кој ќе стартува следниот месец. На ждрепката која денеска беше извлечена во просториите на ФФМ, беа извлечени двојките за стартното коло.

Форматот на шампионатот нема да биде променет. Ќе се играат четири клупа по девет кола, односно вкупно 36 кола. Од Феденрацијата најавуваат дека првенството ќе мора да заврши најдоцна до 20 мај 2018 година, поради Мундијалот во Русија. 

Новата сезона ќе стартува на 13 август, а во првото коло од 17 часот ќе играат: 

Шкендија - Вардар
Шкупи - Академија Пандев
Победа - Пелистер
Работнички - Ренова
Силекс - Скопјe

Најново во Фудбал