„РОМАНТИЧАРИТЕ“ И НАТАМУ АКТИВНИ НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ

Димитровски продолжува со Работнички, Гофри се враќа во Скендербег

Владимир Димитровски најмалку до јуни ќе го носи дресот на клубот од Градски парк, додека Чинеду Гофри по 1.5 година престој во редовите на Работнички се враќа во Албанија, во „својот" Скендербег

објавено: 12 јануари 2019 - 13:55

Одличен потег на раководството на Работнички. Владимир Димитровски, еден од најдобрите стопери во Лигата, најмалку уште шест месеци ќе го носи дресот на клубот од Градски парк. На Димитровски му беше истечен договорот, но „романтичарите" и искусниот дефанзивец успеаја да се договорат за нов. Со неговото останување сега дефанзивата на Работнички е комплетирана и веројатно не треба да се ангажира нов стопер. Тука, покрај Димитровски, се и Бугаринот Емил Вијачки, потоа Борха и уште двајца екстра талентирани момци од школата на Работнички.

Разделба со Нигериецот...

Со оглед на засилувањата во нападот, Илијоски, Блажевски, Кабрал, секако тука е и одличниот Петар Петковски, Работнички и Чинеду Гофри решија да ја прекинат соработката. Тоа значи дека високиот Нигериец сега ќе се врати во Албанија, во „својот" Скендербег, од каде и што дојде во Градски парк. Не е тајна дека во нападот конкуренцијата во Работнички ќе биде жестока, едноставно има голем број екстра квалитетни офанзивци и стратегот Жикица Тасевски ќе биде на слатки маки на кого да му укаже доверба како стартер.

Најново во Фудбал