Дисциплинската комисија при ФФМ нема милост

Вардар остана без Којашевиќ во наредните пет средби

Црногорецот заедно со Нухи од Ренова добија по пет натпревари казна, додека Попов и Усеини ќе бидат суспендирани во наредните два меча

објавено: 6 декември 2016 - 18:02

Дисциплинската комисија при ФФМ со по пет меча ги казни Дамир Којашевиќ и Фисник Нухи, кои беа вмешани во инцидентот по финишот на средбата меѓу Вардар и Ренова. Двајцата играчи кои што по финишот беа со „најжешки" глави добија ригорозна суспензија. Покрај нив, казнети се и Горан Попов и Мухамед Усеини, но, по две средби.
Ваквата казна за шампионот значи дека во пролетниот дел нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери. Којашевиќ во досегашниот тек има постигнато шест погодоци во домашното првенство и е најефикасен поединец кај „црвено-црните".

Најново во Фудбал