РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА У21 ЗАМИНА ЗА АЗЕРБЕЈЏАН, НО БЕЗ СЕЛЕКТОРОТ

Добринко Илиевски ќе биде Милевски

Македонската репрезентација до 21. година денеска отпатува за Азербејџан каде што на 24. односно 27. мај ќе одигра две пријателски средби против домаќинот.

објавено: 21 мај 2018 - 15:00

На нашиот список секако се најдоа репрезентативците кои ќе имаат рпаво на настап за следниот квалификациски циклус, а иако се сметаше дека ова ќе биде последниот двомеч на кој ќе „кормилари“ селекторот Благоја Милевски сепак, тоа не се случи.

Тој не отпатува за Азербејџан туку нашата селекција ќе ја предводи Добринко Илиевски во соработка со Звонко Златановски.

Како што е познато, оваа наша У21 генерација е на крстопат, има да доигра уште мечеви од тековните квалификации кои за нас за жал се неуспепшни и потоа со нови сили, да тргнеме во новиот циклус, а секако и со нов селектор затоа што Милевски веќе објави дека заминува да биде тренер во израелскиот Аждод.

Најново во Фудбал