Останува истата бодовна разлика

Дојде време и за реми - По девет меча Шкендија и Вардар одиграа нерешено

Шкендија и Вардар одиграа нерешено, 1:1 во дербито на 19. коло, прво пролетно во домашната лига, а ремито е прво по девет меѓусебни дуели во кои имаше победник

објавено: 14 февруари 2018 - 16:16

Шкендија и Вардар одиграа нерешено во дербито на 19. коло, прво пролетно во домашната лига, а ремито е прво по девет меѓусебни дуели во кои имаше победник.

Вардар поведе со голот на Бобан Грнчаров во 78. минута, а капитенот на шампионот со глава во негов стил ја затресе мрежата на домаќините.

Молкот во Тетово траеше кусо, само 7 минути, а најдобриот играч на дербито, Бесарт Ибраими погоди од работ на шеснаесетникот во 85. минута за израмнување.

Дербито на „црвено-црните“ мина и со вообичаените тензии, а во главна улога беа Грнчаров и Ибраими. Во второто полувреме се закачија двајцата стрелци, но се мина без посериозен инцидент. И потоа и двајцата погодија за реми во Тетово, по кое остана предноста на Шкендија од 8 бода пред Вардар.

Најново во Фудбал