ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВА ТРАНСФЕР „БУРА" НА ЧАИР

Џејмс, Алексовски и Серџио пред промоција и Трајчевски потпишува за Шкупи

Тимот од Чаир го сака во своите редови и капитенот на Работнички, се „крчка" трансферот и на Силјановски

објавено: 9 јуни 2018 - 14:00

Шкупи најавува дека има намера за настапите во Европа но и за домашниот шампионат сериозно да се засили.

Па така, досега чаирчани ги потпишаа Муарем и Биљали, но допрва се очекува трансфер „бура" во овој клуб. Имено пред промоција се Џејмс (Скендербег), инаку напаѓач од Нигерија, потоа Алексовски (Вардар) и Серџио (Работнички).

Се шпекулира дека сакаат да го ангажираат и капитенот на Работнички Душко Трајчевски кој има понуди кариерата да ја продолжи на Малта но и во Албанија. Ако тој дојде тогаш чаирчани би имале навистина екстра квалитетен среден ред, тука се Муарем, Вујчиќ, Броја, Трајчевски, Стојкоски.Инаку Шкупи чека уште на одлуката на Горан Силјановски – Шаро.

Тие на него сметаат и тоа како ако се знае дека дозволија досегашниот стандарден десен бек Едис Малиќи да замине во Албанија.

Најново во Фудбал