Ново играч кај прилепчани

Екс-црногорски репрезентативец засилување за Победа

Поранешниот репрезентативец на Црна Гора, Иван Ивановиќ ќе игра за Победа Прилеп во продолжението од нашето првенство, а искусниот 27-годишен фудбалер ќе биде одлично засилување за седмопласираната екипа во шампионатот на Македонија

објавено: 25 јануари 2018 - 13:57

Поранешниот репрезентативец на Црна Гора, Иван Ивановиќ ќе игра за Победа Прилеп во продолжението од нашето првенство, а искусниот 27-годишен фудбалер ќе биде одлично засилување за седмопласираната екипа во шампионатот на Македонија.

Ивановиќ игра на позицијата лево крило и беше прогласен за најдобар фудбалер во Црна Гора во сезоната 2013/14.

Има настапувано за Челик Никшиќ, Младост Подгорица, Рудар Плевља, Морнар Бар, а како интернационалец и за тимот на Атурај од Казахстан. Во 2013 година дебитираше и за репрезентацијата на Црна Гора против Луксембург, што му е единствен меч за популарните „соколи“.

Најново во Фудбал