ЕКС ИГРАЧ НА ФЕНЕР И ГАЛАТА ДОАЃА ВО ТЕТОВО

ЕКСКЛУЗИВНО: Дали Олчан Адин е новата „бомба“ на Шкендија!?

По се изгледа Висар Беџети, првиот човек на Шкендија, не мирува. По Агим Ибраими и Зени Хусмани, можен е мега трансфер на екс фудбалер на гигантите од Босфорот. Со него ќе се напаѓа Европа ова лето

објавено: 21 јануари 2019 - 12:18

Дали Олчан Адин, некогашен репрезентивец на Турција, екс играч на Фенербахче, Галатасарај, Анталиаспор и др.големи турски клубови, е новата трансфер „бомба" на Шкендија? ж

Претседателот на шампионот Висар Беџети, по се изгледа дека не мирува. Откако викендов ги донесе Агим Ибраими и Зени Хусмани, како што велат нашите неофицијални информации, сега е во преговори и со Адин. Од Шкендија ништо не коментираат на оваа информација, велат дека за нив се уште е отворен зимскиот преоден рок и дека се е можно.

Олчан Адин (33), е искусно лево крило,може да игра и како бек,и ако би потпишал на него ќе се смета за летниот поход на Шкендија во Европа. Нешто слично како и со Зени Хусмани. Секако дека со Адин екипата на Шкендија би добила на квалитет и искуство, би имала поголем ростер, тој е играч кој може да помогне во пресудните битки за влез во групите во ЛШ или ЛЕ.

Несомнено дека тоа е целта на сите во Шкендија, пред се на претседателот Висар Беџети и спонзорот на клубот „Еколог". Засилувањата од типот на Агим, Хусмани, Адин и други, тоа и го докажуваат.

Најново во Фудбал