ШАМПИОНОТ ТРГНА КОН ТУРЦИЈА

Експедицијата за Анталија без Николов и Муслиу

Двајцата фудбалери само го потврдуваат своето заминување од таборот на „црвено-црните"

објавено: 16 јануари 2018 - 08:15

Шампионот утринава замина на подготовки во Анталија. Без Бобан Николов и Висар Муслиу, Вардарци отпатуваа во Турција каде остануваат во следните 20 дена. Николов оди во Видеотон, додека Муслиу треба да прифати една од понудите на Омонија или на Академија Пушкаш.

Исто така со првакот утринава не отпатува ниту Петар Петковски кој што е на излезна врата од таборот на првакот. Дарко Велковски кој што веќе има договорен трансфер во Риека, ќе оди на подготовките во Анталија.

Вардарци во Анталија остануваат до 5. февруари и ќе одиграат шест контролни натпревари.

Најново во Фудбал