СЕДМО ЗИМСКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ЧАИРЧАНИ

Емре Чан е новото лице во Шкупи

Емре Чан Атила е 21 годишен фудбалер кој досега настапуваше за турската Коњаспор ќе игра за тимот од Чир во наредните шест месеци.

објавено: 10 февруари 2018 - 14:12


Емре Чан Атила е 21 годишен фудбалер кој досега настапуваше за турската Коњаспор ќе игра за тимот од Чир во наредните шест месеци.

Носи славно име и презиме, Емре Чан, исто како и неговиот турски сонародник кој е дел од англискиор великан Ливерпул.
И во наредниот период, од најмалку шест месеци ќе настапува за екипата на Шкупи.
Раководството на клубот од Чаир постигна согласност да го добие овој 21.годишне фудбалер кој важи како продукт на екипата на Генчлербирлиги, а првиот профи договор го потпишал со Коњаспор од каде што и доаѓа во Скопје.
Но оваа сезона беше позајмен во вториот тим - Андолу Селџукспорт, каде одигра 14 натпревари и реализираше еден гол.
Тој е седмиот фудбалер, а втор од Турција, кој го засили Шкупи во овој зимски преоден рок.

Најново во Фудбал