УШТЕ ЕДНО НОВО ИМЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Ерменецот Манојан за посилен Работнички

Давид Манојан е последното ново име во Работнички во зимскиот преоден рок. Има 26 настапи за репрезентацијата на Ерменија, дебитирал на 17 години. Во Скопје доаѓа од полската Сандечја

објавено: 11 февруари 2019 - 19:12

Давид Манојан (28) е последното ново име во таборот на Работнички во зимскиот преоден рок кој завршува вечерва. Станува збор за играч за врска, доаѓа од Ерменија за чија репрезентација одиграл 26 настапи, своето деби го имал на 17 години.

Се рaботи за квалитетно решение во средниот ред на „романтичарите" по заминувањето на Барбоса. Инаку Манојан во својата кариера има играно за Пјуник, Кармитиоса, Неа Саламина, Алашкерт, а последен клуб му бил Сандечја од Полска. Ерменецот во 2009 година како најдобар млад фудбалер на својата земја бил пред трансфер во Штутгарт, но поради повреда тој трансфер не се реализирал. Со Манојан и Ѓоргиевски, Работнички го заврши својот настап на трансфер пазарот оваа зима.

Овој трансфер се реализира со помош на еден од нашите најпознати менаџери Драган Јаковлевски.

Најново во Фудбал