Шампионот прв на целта на полусезоната

Есенски хет-трик на Вардар

Македонскиот шампион Вардар денеска ќе ја прослави третата есенска титула во низа и ќе забележи хет-трик без разлика на резултатот против Силекс, а кормиларот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски е последниот тренер што го спречил сегашниот клуб да биде есенски првак

објавено: 4 декември 2016 - 11:32

Македонскиот шампион Вардар денеска ќе ја прослави третата есенска титула во низа и ќе забележи хет-трик без разлика на резултатот против Силекс, а кормиларот на „црвено-црните" Гоце Седлоски Гоце Седлоски е последниот тренер што го спречил сегашниот клуб да биде есенски првак.

Со втор триумф против кратовци, Вардар ќе има 43 бода на првото место во нашата Прва Лига, а секако ќе презими на врвот. 

Токму Гоце Седлоски е последниот тренер што беше пречка Вардар да има подолга низа со есенски титули, бидејќи како предводник на Турново во 2013 година беше прв на табелата пред зимската пауза.

Вардар пред денешната пресметка со Силекс има серија од 7 меча без пораз на свој терен. Интересно е што гостите денеска од клупата ќе ги предводи Жикица Тасевски, поранешниот тренер на Вардар. И откако дојде во Силекс има одлични резултати.

Дербито на 18. коло, последно во 2016 година е во Тетово, каде битка ќе бијат Шкендија и Пелистер. Вицешампионот на Македонија нема пораз од Пелистер на последните 6 натпревари, но битолчани сезонава играат како препородени и имаат реални шанси за излез во Европа.

Двојки, 18. коло од 13 часот: Вардар - Силекс, Шкендија - Пелистер, Брегалница - Работнички, Шкупи - Македонија Ѓ.П., Победа - Ренова.

Најново во Фудбал