ДЕНЕСКА СЕ ОДИГРА ВТОРОТО КОЛО ВО ДВЕТЕ ВТОРИ ЛИГИ

Еуромилк и Струга Трим Лум со интересно реми

Еуромилк и Струга Трим Лум во Лисиче одиграа интересен натпревар во дербито на Втората лига-запад, поделувајќи по еден поен во борбеното 2:2 реми

објавено: 9 септември 2017 - 18:47

Флорент Османи во 20. минута на домашните им донесе водство отако убаво прорде низ гостинската одбрана. Следуваше резултатски пресврт за гостите во режија на Лога до крајот на првиот дел. Во продолжението Еуромилк сепак дојде до бод и тоа благодарение на младиот и одличен Томче Павловски кој ги постави конечните 2:2 во 70. минута.

Гостивар е единствениот тим со две победи во првите две кола, откако беа убедливи со 4:1 против Новаци, додека Лабуништа го совлада Тетекс со 1:0. На Истокот, Брегалница и Победа од Валандово одиграа 1:1, додека Кожув го остави Хоризонт на дното без освоен поен со 3:0 победа.

ВТОРА ЛИГА ИСТОК, 2.КОЛО

Брегалница - Победа Валандово 1:1

Тиквеш – Осогово 2:1

Кожуф – Хоризонт Турново 3:0

Каменица Саса – Борец Велес 0:1

Плачковица – Беласица 1:2

ТАБЕЛА: 1.Брегалница 4, 2.Плачковица 3, 3.Борец 3, 4.Тиквеш(-1) 3, 5.Беласица(-1) 3, 6.Осогово 3, 7.Кожуф 3, 8.Победа В. 2, 9.Саса 0, 10.Хоризонт Т 0

ВТОРА ЛИГА, ЗАПАД

Лабуништа – Тетекс 1:0

Локомотива – Велазерими 2:0

Гостивар – Новаци 4:1

Еуромилк ГЛ – Струга Трим Лум 2:2

Зајази – Македонија ЃП 0:0

ТАБЕЛА: 1.Гостивар 6, 2.Струга Трим Лум 4, 3.Локомотива 3, 4.Тетекс 3, 5.Велазерими 3, 6.Новаци 3, 7.Лабуништа 3, 8.Еуромилк ГЛ 1, 9.Зајази 1, 10.Македонија ЃП 1 

Најново во Фудбал