Кој си знае си знае

Феноменално деби -Баже Илијоски ги гази Пандевци, хет-трик на ветеранот за неполни 25 минути

Баже Илијоски игра феноменални дебитанстки минути за Шкупи и со хет-трик за неполни 25 минути ги нокаутира „Пандевци“

објавено: 14 февруари 2018 - 14:34

Баже Илијоски игра феноменални дебитанстки минути за Шкупи и со хет-трик за неполни 25 минути ги нокаутира „Пандевци".

За петнаесеттина минути од седмата до 22. минута Илијоски ги постигна трите голови, а првиот беше поседно убав. Ремек-дело на стариот лисец и опасен стрелец, најдобар во историјата на македонските првенства.

Илијоски ја издрибла комплетната одбрана на Академија Пандев и го совлада Никола Вујанац. Голманот на струмичани потоа направи голем кикс, истрча во празно, а Илијоски пак го совлада. И во 22. минута повторно тие двајца беа очи в очи, Вујанац во првиот обид одбрани, но Илијоски потоа од втор обид погоди за хет-трик. И за брилијантен почеток на 33-годишниот напаѓач во дресот на Шкупи.

Најново во Фудбал