ТЕТОВЦИ ЌЕ ПЛАТАТ ЗА ШАМПИОНСКОТО СЛАВЕЊЕ

ФФМ со постапка против Шкендија поради „бакљадата“

Првакот е предаден на Дисциплинска поради запалените факели и целата „бакљада" на вчерашниот меч со Пелистер. 

објавено: 21 мај 2018 - 16:30

ФОТО: Петр Стојановски

Убаво беше да се присуствува вчера попладне на стадионот во Тетово каде речиси пред полни трибини, имаше околу 12.000 гледачи, Шкендија ја прослави својата втора шампионска титула. Сепак поради славењето, пред се поради „баклијадата", клубот ќе мора да плати одредени средства во касата на ФФМ.

Имено ФФМ поведе постапка против ФК Шкендија поради „баклијадата" и клубот е предаден на Дисциплинската комисија која ќе решава за тоа колкава ќе биде санкцијата.

Најново во Фудбал