НОВО ИМЕ ВО РЕДОВИТЕ НА КРАТОВЦИ

Филип Миленковски потпиша за Силекс

Сега веќе екс левиот бек на Пелистер во следната сезона ќе го носи дресот на Силекс.

објавено: 5 јуни 2018 - 17:45

Филип Миленковски (28), од денеска е нов фудбалер на Силекс. Тој е првото засилување во летниот преоден рок во тимот на стратегот Жикица Тасевски. Миленковски сега веќе е екс фудбалер на Пелистер и тоа еден од најдобрите поединци во редовите на „зелените" од Битола, беше и нивни капитен но откако клубот од под „Тумбе Кафе" ова е првото најавено заминување.

Со Миленковски составот од Кратово го добива тоа што навистина му требаше, одличен прволигашки лев бек кој може да играа и поофанзивно. Сега на ред се и другите засилувања во Силекс.

 

Најново во Фудбал