ВЕЛЕШАНИ ПЛАНИРААТ НОВИТЕТ ВО НАВАЛНИТЕ РЕДОВИ

Филип Петров го засилува Борец

Иако тимот на Борец, суверено и со полн капацитет го освои првото место во второлигашката конкуренција Исток, односно во моментов ја слави есенската титула, Велешани сепак, не планираат да седат мирно зимава и да не се засилат прописно во сооднос со амбициите на тимот.

објавено: 6 декември 2018 - 10:29

Она што во моментов е познато е дека, тимот планира да се засили со Филип Петров, искусниот напаѓач, кој има долгогодишен стаж во нашиот прволигашки шампионат, има многу постигнати голови, и е секако вистински плус за екипа каква што е Борец во моментов.

Тој веќе извесно време и тренира со тимот на Борец, а би требало штом се отвори трансфер прозорецот зимава, тој и да ја официјализира преселбата во Велес.

ЗАСИЛУВАЊА И НА ДРУГИ ПОЗИЦИИ

Секако, екипата нема да застане тука, треба да се освежи тимот и на други позиции, пред се во средината на теренот, каде што никогаш доста од квалитетни имиња. Тука нормално Борец беше и најсилен ако може така да се каже есенва, но здрав а конкуренција на никого нему штети.

ЌЕ СЕ ТРЕНИРА УШТЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА

Од она што го дознаваме, тимот на Борец планира да тренира некаде до следната недела, кога и официјално ќе осначи крај на оваа полусезона. Се бара евентуално да се одигра уште еден пријателски меч, онака само за да се разбие монотонијата, а противникот сеуште се бара.

Најново во Фудбал