НОВИ „ЛАВОВИ“ МЕЃУ РЕДОВИТЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Филиповски и Стојковски нови фудбалери на Македонија ЃП


Уште две имиња пристигнаа во прволигашкиот клуб за новата натпреварувачка сезона 2018/19

објавено: 15 август 2018 - 17:53

Станува збор за Кристијан Филиповски кој доаѓа од составот на Силекс и Филип Стојковски кој досега беше дел од Вардар.

Да потсетиме, на стартот од новиот шампионатот во Првата лига, „лавовите" загубија минимално со 2:1 во финишот на гостувањето кај Академија Пандев.

Во следното второ коло Македонија ЃП на 19. август на домашен терен кога ќе го пречекаат бранителот на трофејот во првенството, Шкендија, со почеток од 17:00 часот на Стадионот Ѓорче Петров.

Најново во Фудбал