Реакција на скопскиот тим по дуелот во Кичево

ФК ЕУРОМИЛК: Нашите играчи беа нападнати!

По поразот од Влазерими на гостински терен (1:0), од таборот на ФК Еуромилк излегоа со соопштение во кое откриваат дека на полувремето нивните фудбалери биле нападнати од непознати лица. 

објавено: 19 март 2017 - 22:27

По поразот од Влазерими на гостински терен (1:0), од таборот на ФК Еуромилк излегоа со соопштение во кое откриваат дека на полувремето нивните фудбалери биле нападнати од непознати лица. Дуелот во Кичево заврши со победа на гостите со голот на Куштрим Балажи во 95. минута.

„Како прво сме револтирани од судењето на Боби Величков, тој буквално ги мина сите граници. Не свиреше фаули за нас, па затоа повредени се тројца наши играчи. И покрај тоа домашните не можеа да постигнат гол па затоа судијата го продолжи натпреварот пет минути а потоа уште две, се со цел Влазерими по секоја цена да постигне гол. Приемот на домашните е посебна приказна. На полувремето при одење во соблекувалната нашите играчи беа нападнати од непознати лица кои им се закануваа. Тие дури влегле во гостинската соблекувална, заедно со Комесарот за безбедност на Влазерими. За да биде работата уште полоша, замислете беше набркан и делегатот Митко Локоски. И тоа го избркале од соблекувалната на судиите во која влегле двајца членови на домашниот клуб. Се прашуваме до каде ќе оди мак - фудбалот кога има вакви настани, кога има вакви судии. Навистина сме фрапирани од сите овие настани на вчерашниот меч" се вели во соопштението на ФК Еуромилк.

Најново во Фудбал