Битолчани не даваат да пропадне брендот

ФК Пелистер крева глава, за среќно стартува со подготовки во среда

Фудбалскиот клуб Пелистер има големи проблеми со финансиите, но сепак на повидок е решение на маките, а додека не се реши горливото прашање фудбалерите ќе почнат со зимски подготовки во среда

објавено: 15 јануари 2018 - 17:00

Фудбалскиот клуб Пелистер има големи проблеми со финансиите, но сепак на повидок е решение на маките, а додека не се реши горливото прашање фудбалерите ќе почнат со зимски подготовки во среда.

За среќно и за нов почеток, предводени од новиот кормилар Мане Секуловски, добро познато фудбалско име во Битола.

Тој закажа старт на подготовките за задутре, а место за оптимизам има кај пелистерци. Најавено е останување на голем дел од поискусните фудбалери меѓу кои се Гоце Тодоровски, Филип Миленковски, Петар Љамчевски, Иве Трифуновски, Илче Петровски. Повторно ќе се активира и Благојче Марковски, кој беше најавен како технички директор, но и тој наместо во фотеља ќе се појави на терен во нападот на Пелистер. Од Новаци треба да пристигне Марјан Котевски, што ветува дека Пелистер со уште неколку засилувања може да бие рамноправна битка со македонските прволигаши.

Од Општина Битола е најавена финансиска поддршка, а и Генералниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски напомена дека нема да се дозволи бренд како ФК Пелистер да пропадне.

Најново во Фудбал