НАЈДОБРИОТ ТРЕНЕР ЗА ИЗМИНАТАТА ГОДИНИ СЕ СЕЛИ ВО ЛЕТОНИЈА

ФК Рига е новиот предизвик за Седлоски

Најдобриот тренер за 2017 година во Македонија, Гоце Седлоски е нов тренер на богатиот летонски клуб кој летово ќе игра во квалификациските кола од Лигата на Европа, а чиј финансиер е познат руски тајкун.

објавено: 27 јануари 2018 - 10:59

Најдобриот тренер за 2017 година во Македонија, Гоце Седлоски е нов предводник на богатиот летонски клуб кој летово ќе игра во квалификациските кола од Лигата на Европа, а чиј финансиер е познат руски тајкун. Станува збор за клуб кој минатата сезона заврши на третото место на табелата во тамошниот шампионат и има високи амбиции.

„Од денеска сум на клупата на ФК Рига.Прифатив да бидам дел од еден голем проект и подготвен сум за новиот предизвик" изјави Гоце Седлоски за „Македонски спорт" ексклузивно.

Седлоски утре заминува на подготовки во Абу Даби. Како што открива „Македонски спорт“ негов помошник ќе биде Алекандар Митев со кого соработуваше во Хоризонт Турново и Вардар.

Минатата сезона на „кормилото“ на ФК Рига беше Славиша Стојановиќ, екс-тренер на Црвена Звезда и Олимпија и селектор на Словенија. 

По разделбата со Вардар, Седлоски беше поврзуван со Динамо Загреб, тимот каде мина дел од својата играчка кариера и ја носеше капитенската лента. Она што радува е дека Топ-5 листата ја сочинува уште еден млад ракометар, кој во иднина треба да биде еден од нашите лидери. Филип Кузмановски не одигра против Чешка, но има 15 погодоци.



Најново во Фудбал