ЛИДЕРОТ ВО ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД СО НОВО ИМЕ

Флорент Османи ја засили Струга Трим Лум

Искусниот играч за врска и тоа како ќе го подигне квалитетот на струшкиот второлигаш кој оваа пролет ќе атакува на влез во елитата

објавено: 12 јануари 2019 - 16:33

Флорент Османи (30) е првото големо засилување во таборот на Струга Трим Лум. Османи е искусен играч за врска, тој е некогашен фудбалер на Гостивар, Шкупи, Еуромилк, Влазерими, Лириа (Косово), и секако дека добро ќе му дојде на тимот на тренерот Јетон Беќири.

Османи е засилување со кое Струга Трим Лум, како лидер во Втората лига – запад, ќе атакува во пролетниот дел на влез во елитата.

Како што велат од раководството на амбициозниот клуб од Струга, тие имаат намера да се засилат со уште некое име, иако и онака имаа квалитетен состав, убедливо најдобар во западната конкуренција.

Најново во Фудбал