ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА ТРОЈЦАТА НАЈИСКУСНИ ИГРАЧИ

Гачевски е новиот капитен на Вардар

По заминувањето на Грнчаров, Глигоров и Блажевски, лентата ќе отиде на раката на голманот на „црвено-црните" кој што веројатно ќе остане во екипата, и покрај тоа што има понуди за заминување

објавено: 4 јуни 2018 - 15:30

Филип Гачевски во иднина ќе ја носи капитенската лента на Вардар. Голманот на „црвено-црните" ќе ја наследи оваа улога од Грнчаров, кој досега беше капитен. А, со оглед дека тој веќе замина од екипата, со него и заменикот Глигоров и третиот капитен Блажевски, тогаш е јасно кај кого ќе отиде лентата. Гачевски од сите играчи има најмногу настапи (тука се некаде со Новак), и сосема очекувано е тој да ја предводи екипата како капитен во иднина.

Чуварот на мрежата на „црвено-црните" веќе четврта сезона е во Вардар, а бранеше стандарно во изминатите две сезони, кога беше и еден од заслужните за најголемиот европски успех на екипата и пласманот во групите од Лигата на Европа во штотуку завршената сезона.

 

Најново во Фудбал