ВАРДАРОВИОТ ГОЛМАН СО ПОРАКА ПО ДЕРБИТО

Гачевски: Па што ако Шкендија има 8 бода предност, долга е оваа пролет, не го отпишувајте Вардар

Дерби дуелот меѓу Шкендија и Вардар заврши без победник 1:1, Грнчаров во 75. минута погоди за 0:1, но Ибраими во 85. минута го спаси лидерот.

објавено: 14 февруари 2018 - 19:10

Дерби дуелот меѓу Шкендија и Вардар заврши без победник 1:1, Грнчаров во 75. минута погоди за 0:1, но Ибраими во 85. минута го спаси лидерот. Голманот на шампионот кој беше еден од најдобрите играчи на теренот испрати порака дека пролета е долга и токму затоа не треба да ги отпишуваат.

„Супер дерби. Интересно и динамично. Моја работа е да бранам и тоа мислам дека добро го направив тука во Тетово. Бевме блиску до победа, но ете Ибраими ми даде гол. Не можев тука ништо...
Па што ако Шкендија има 8 бода предност. Ние на овој меч докажавме дека сме најдобри кога се сите против нас. Не го отпишувајте Вардар. Долга ќе биде оваа пролет. Штета што уште сега не ја стопивме предноста на Шкендија на 5 бода. Но има време, има уште 17 натпревари", изјави голманот на Вардар по пресметката со Шкендија и старот на пролетниот дел од сезоната.

Најново во Фудбал